ШАМПИОНКИ НА МАКЕДОНИЈА 1966

Историја

Женската јуниорска одбојкарска екипа на клубот 11 Октомври е формирана 1964 година, а само две години потоа станува шампион на Македонија. Неочекувано, сензација за јавноста. Анонимна екипа, со скромно искуство, ги победува сите ривали на првенството во Скопје. Макотрпната работа дава плод. Заслугата е на тренерот Боривое Трајкоски со одбојкарките: Стојна Волческа, Лепа Спиркоска, Митра Темелкоска, Лилјана Богданоска, Роза Дамеска, Васе Петреска, Стевка Пирганоска, Драгана Ристеска, Марија Најдоска и Лила Дамеска. Во ова време 11 Октомври е единствената женска екипа во Прилеп.

Поради финансиски проблеми екипата е расформирана набргу по успехот. 

Loading