ПРЕДАВАЊЕ И КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА

Koncert i predavanje

Предавање на тема ,,Етосот и естетиката на црковните музички химни во Пасхалниот период,, и концерт на македонска духовна музика: ,,Песнопенија за Страдањата Христови,, ќе се одржи на 25 мај од 20 часот во летната сцена на ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Предавањето е за естетиката на музиката, со акцент на православната химнографија од периодот на неделите пред и за време на Великиот пост. Ќе бидат разгледани теми од црковната музика, историски развој, философско-духовниот етос на мелосот, осумте гласа (Осмогласникот), со посебен акцент на химнографијата и мелодиската ,,обоеност,, на богослужбените текстови од Великопосниот период. Концертот е музичка изведба од лирски карактер на неколку композиции посветени на Страсната седмица, надоврзани на предавањето и ќе се стават во музичкиот контекст. Ќе се исполнат композициите ,,Денес виси на дрво,, ,,Живот си, Христе,, ,,Достојно е, Животодавче,, ,,Народите сите,, и ,,Христос воскресе,,.

Учесници се протопсалт м-р Гоце Секулоски – предавач, Ана Митоска – вокал, Петар Христов – кларинет, Дарко Фурнаџиски – ребаб, Кристијан Кожумановски – контрабас и Горан Дукоски – лаута.

Loading