САМО КУПОТ Е ВАЖЕН

Фудбал – Жени

Првенството во Првата женска лига им уште 7 кола, но како да е завршено. На табелата убедливо води Саса од Каменица и веројатно е дека ќе биде шампион, оти има меч помалку, а 60 бода, 4 повеќе од струмичка Тиверија. Екипата Деспина падна на 5 место со 49 бода. Последниот пораз беше дома токму од Тиверија. Сега важен е само Купот, каде се игра полуфиналето. Противник дома е најсилната екипа, Саса. Се очекува голема борба за финалето. Практично, тоа е борба за пехарот.

Деспина е без пораз и со шанса за првото место во Младинската лига.

Loading