ПЕХАРОТ ЌЕ ДОЦНИ 35 ДЕНА

Пинг-понг: Утврден распоредот за завршницата од Супер лигата

Mladost 96

Престана важноста на строгите протоцол и Пингпонгарската федерација го утврди новиот распоред за завршницата од Супер лигата. Така, на 29 и 30 мај ќе бидат полуфиналните мечеви од плеј-офот, Младост 96 – Телеком 2, Младост – Шампиони ФА. Прилепските екипи, поради позитивниот биланс од основниот дел, имаат водства од по 1:0 и се на добар пат да се сретнат во финалето, закажано за 5 и 6 јули. Значи – пехарот ќе биде доделен 35 дена подоцна отколку што беше планирано, за 2 мај.

-Паузата се искористи и за натпревари и за тренинзи. Александар Рикалоски и Андреј Лашкоски немаа активност. Среќа што засилувањата, Србинот Стефан Костадиновиќ и кривопаланчанецот Кристијан Станојковски, играат во Србија и не престанаа. И штипјанецот Петар Костовски некако се снашол со приватни тренинзи. Од 25 мај планираме подготовки заедно кај тренерот Гоце Тошески – рече Златко Рикалоски, член на УО на ППК Младост 96.

Постојат шанси, ако се обезбеди сала со трибина, финалето и доделувањето на пехарот да се случат во Прилеп.

Loading