ДЕЛА ОД НИЧЕ ВАСИЛЕВ

Nica

Во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,, денеска од 13 часот ќе биде отворена изложба со 20 слики од уметникот Ниче Василев.

-Уметникот Ниче Василев инспириран од женското тело, своите видувања ги преточува во дела. На сликите им дава суптилна, онтолошка димензија и ги облагородува со благ, но доволно јасен и звучен метафизички квалитет. Женските фигури се елегантни, со модилјаниевски издолжени вратови, без да загубат од поетиката и семантиката – велат од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Василев завршил Академија за ликовна уметност во Варшава во 1978 година. Студирал и Националната академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 г. Живее и работи во Струмица.

Имал над 30 самостојни изложби во Македонија и во странство.

Добитник е на повеќе награди и признанија.

Loading