ЦРВЕНОТО ЈАЦЕ Е СИМБОЛ НА ХРИСТОВАТА КРВ

Црвените јајца се традиција и дел на празнувањето на големиот христијански празник Велигден. Тие се украсуваат и вапсуваат најчесто на Величетврток пред изгрејсонце.

Над 2500 години се симбол на животот. Тие имаат улога во религијата, култот и магијата. И христијанството ја презело симболиката. Вапсувањето на јајца се споменува во 12 век. Бројните народни преданија се различни. Вапсувањето се врзува за Христовото воскреснување. Според едно предание, кога го воделе Христос кон распетието, насобраниот народ фрлал камења, кои се претворале во црвени јајца.

Техниката на боење се смета за света. Постара од онаа на шарање јајца. Со верски правила се одредило кој ден и во кој период, како и која личност ќе ги вапсува јајцата. Тоа било ритуал за чиста личност.

Јајацата за Велигден се вапсуваат црвени, поради симболиката на Христовата крв. Првото јајце што се вапсува треба да биде црвено и се чува до следниот Велигден. Се нарекува ,,чуваркуќа,,. Му била припишана магиска моќ.

Една од техниките за шарење на јајцата е со восок. На одредени делови се капе восок, а потоа внимателно се вади и при вапсувањето. Тие делови нема да бидат обоени. За шарање се користат ливчиња и цветови, кои со масло или со белка се лепат за лушпата. Се завиткуваат јајцата во најлонски чорапи и се бојосуваат. Велигденските јајца се украсуваат со мониста, волница, панделки, а ковачите ставаат разни метални знаци на лушпата, а најчест симбол е крстот.

Loading