ПОДОБРИ ОД РИВАЛКИТЕ, КОИ БИЛЕ МОТИВИРАНИ СО 30 ИЛЈАДИ ЕВРА

Борење: Клубот 7 Мај Леов ја одбрани титулата

Borenje

Прилеп да е шампион во фудбал – нешто сосема очекувано. Но, да е најдобар во борење, спорт кој има традиција само во поново време, тоа личи на голема сензација. На Државно екипно првенство за кадетки во Скопје редоследот на конечната табела е следниов: 1. БК 7 Мал Леов (Прилеп) со 27 бода, 2. Вардар (Скопје) 14, 3. Бучим (Радовиш) 14, 4. Балканец (Штип) 8.

Пласманот ги вознемирува големите македонски борачки центри, навикнати на титули. Не е тајна дека ривалките биле мотивирани со 30 илјади евра и едномесечни подготовки во Турција, награди за освојување на титулата, која вторпат им припаѓа на прилепчанките.

На татамите се освојуваа поените од поединечните борби – по 5 за прво, 4 за второ, 2 за трето, 1 за петто место. Така, до 43 килограми тежина, сите на пиедесталот се прилепчанки: Деспина Богеска, Елена Малиноска, Елена Најдоска, Катерина Ивческа. Во 6 килограми потешката категорија втора е Михаела Богеска, а до 53 кг. втора е Михаела Тодороска, трета Оливера Мицеска. Во најтешката, до 65 килограми, капитенот Барбара Стојкоска е втора. Осум девојки – осум медали. Повеќе од доволно за задржување на пехарот, освоен минатата година.

Прилепчанките се на добар пат да го одбранат и Купот, бидејќи водат со 30 бода пред Вардар и Бучим. Останува бодувањето од Државното поединечно, кое е неизвесно за викендов, поради построгите мерки со кои биле затворени салите. Клубот БК 7 Мај Леов, теоретски, може да стигне до трофејот дури и ако не освои ниту еден медал.

И една Германија губи, па и Барбара…

Во спортот нема неможно. Една велесила Германија дома загуби од Македонија. Така и Барбара Стојкоска, капитенот на БК 7 Мај Леов, беше подобра од Стефани Николова од Неготино.

-Работат и другите. Целта им е побргу да не симнат од врвот. Барбара загуби, иако 17 пати ја победуваше противничката. До врвот тешко се доаѓа, уште потешко се останува. Ова е мотив за посилно залагање – смета Сашо Игнатовски, тренерот.

Loading