Црно-бела реалност

Ракомет

Прилепските ракометни екипи не се ни за врвот ниту за дното, туку се во борба за златната средина од табелите по одиграните три-четири првенствени кола во машка и женска конкуренција. На дуелите, губат од посилните и ги победуваат послабите.

Машката екипа Прилеп очекувано загуби од фаворитот Алкалоид во Скопје, но со неочекувана разлика, 45:23. Во средата беше следниот дуел, дома, Прилеп – Радовиш ( : ). Викендов е ново гостување во Скопје, во рамките на 6. рунда, Бутел – Прилеп. Тренер на Бутел е прилепчанецот Горан Кузманоски – Таста.

Женската екипа, Деспина, нема одиграно натпревар од 22 септември, кога триумфира дома со 39:27 врз скопски Спартак. По двонеделната пауза е следниот меч од 4. коло, во Скопје, Шампион – Деспина.

Според распоредот, Деспина е гостин и во наредната рунда од Супер лигата за жени, В-група, кај фаворитот Вардар.

Loading