НАПИТОК ЗА ТОПЕЊЕ НА МАСТИ НА СТОМАКОТ

stomak

Масните наслаги залепени како гума околу стомакот ги топи еден чудесен напиток. Телесните масти служат како енергетски резерви за заштита на органите и да го топлат телото. Продуцираат и хормонски сигнали кои влијаат на регулацијата на апетитот. Зголемената тежина е резултат на таложење на масно ткиво, кое предизвикува и проблеми, но и премалото ниво на адипозно ткиво може да биде проблематично. Премалите количества делуваат негативно на регулирањето на шеќерот. Инсулинот е задолжен за регулацијата на шеќерот, сигнализирајќи им на клетките да примаат глукоза од крвта и да создаваат резерви. Без доволни адипозни ткива, процесот може да биде нарушен, резултирајќи со инсулинска резистентност и дијабет. Иако масните ткива се важни за метаболизмот, позиционираноста во телото може да води кон различни последици по здравјето. Луѓето со иста височина и тежина, но со различна распределба на адипозните ткива, имаат и различен ризик од одредени метаболитички нарушувања, дијабет и срцеви болести.

Вишокот масни наслаги околу струкот може да го зголеми ризикот од различни заболувања, како дијабет тип 2 или срцеви заболувања. Наталожувањето е резултат на нервози и стресови. Сите дополнителни килограми завршуваат таа зона, дури и при диета . Овој дел се топи со најголем напор.

И слабите жени се соочуваат со масни наслаги околу стомакот, доколку се изложени на постојан стрес. Абдоминалното масно ткиво има повеќе рецептори за кортизол отколку што имаат другите зони на телото. Од таа причина луѓето кои се под стрес таложат маснотии токму околу стомакот.

Втора причина е нераманотежата на бактериите во желудникот. Шеќерот, белиот леб и тестенините ги ,,хранат,, овие бактерии. Затоа треба да се избегнува оваа храна. Треба да се заборави на брзата храна, кафето, алкохолот и слатките кои се дополнителни извори на стрес. За ваквиот тип на луѓе не се препорачуваат вежби и трчање, зашто и само го зголемуваат стресот. Се препорачуваат вежби кои делуваат смирувачки, вежби во кои се ужива и што повеќе вежби за истегнување. Од храната, се препорачуваат протеините (риба и пилешко месо), зеленчук, благ компир, цвекло, маслинки и авокадо.

Нутриционистите смислиле ефикасен напиток со способност да ги топи масните наслаги на стомакот. За подготовка се потребни 4 стапчиња цимет, 2 големи лимони, 4 корења ѓумбир, 1 полна китка магдонос, 10 ливчиња свежо нане или мента и 1 литар вода, мед по вкус. Количините се доволни за еден ден за брзо слабеење или два дена за умерено. Секој ден с приготвува нов, свеж напиток. Остатокот се чува во фрижидер.

Водата да зоврие заедно со 4 стапчиња цимет. Потоа се готви на умерен оган  15-20 минути додека водата да стане црвена. Ѓумбирот се лупи и се сечка на помали парчиња. Лимонот се лупи и се сечка на помали парчиња. Исечканиот магдонос заедно со ментата, лимонот и ѓумбирот с ставаат во блендер и се миксаат додека до изедначување на смесата. За тоа време, чајот од ѓумбир ќе биде изладен (млак), па се додава во смесата од блендерот и уште еднаш се меша до изедначување на течноста. Потребно е  5 минути. Сервирајте една чаша од напитокот со лажичка мед.

Оваа количина е доволна за 2 дена. Се пие по 250 мл. наутро на гладно и навечер пред спиење. За побрзо согорување, се пие по 500 мл. наутро на гладно и 500 мл неколку часа пред спиење наместо вечера. Третманот трае 5 дена, а за тоа време се слабее многу. Во организмот забрзано се разбиваат мастите. Потребно е да се пие многу вода или чај од магдонос, чај од свила од пченка, да се јаде лесна храна за да се исфрлат сите штетни метаболни продукти. По пауза од 7-10 дена, можно е повторување доколку се посакува уште да се слабее.

Loading