ПРОФЕСОРИТЕ ПЕАТ

muzicko biblioteka

Дел од колективот на музичкото училиште направија одлична преработка на песната ,,Дон’т њоррѕ – бе хаппѕ,, од легендарниот Боб Марли за Денот на жената, која се споделува преку социјалните мрежи.

Од училиштето пренесуваат дека ,,музиката може да го именува неименуваното и да комуницира со непознатото,, – како што рекол Бернштајн.

– Водејќи се од мислата кон музиката, но и од новите норми на живеење, прилагодување кон нештата е во полза на сите. Како колектив кој секогаш неуморно и несебично чекорел кон нови предизвици и достигнувања,  по онлајн концертите за патрониот празник и Божикниот концерт, на своевиден начин третпат даваме суштинска вредност. За празникот на жената, дел од нашите млади музичари, водени од желбата и талентот, ги допреа сите со својата музика. Наставниците ги поддржуваат учениците со личен пример за патоказ кон сцената. Дел од колегите изведоа музичка замисла, која после овој концерт, ќе биде најава за концерт на кој учениците ќе имаат можност да ги гледаат професорите на сцената. Дел од колегите оправдано отсуствуваат. Заслжени беа професорите Игор Николовски, Љупчо Богатиноски и. Мартина Пашоска Стојанов, Сето тоад а звучи перфектно  придонесе профсорот Мендо Ташкоски – вели директорот Славица Конеска Темелкоска.

Паралелно во училиштето се реализира проектот за музичка библиотека. Доајените на пијанизмот проф. м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф. м-р Евушка Елезовиќ придонесоа во создавањето на новата училишна библиотека, за која што отстапиле значаен дел од нивните книги кои ќе бидат значаен поттик на учениците и професорите за проширување и изведување на репертоарот од областа на пијанизмот. И Сојузот на композиторите на Македонија и Марко Коловски ја збогатија библиотеката со музичката литература.

Loading