ХИГИЕНА ЗА МИСКОЈНА

Интервју – – директор на Домот за стари лица ,,Киро Крстески – Платник,,

krstev 1

-Само еден корисник, заразен кој минал со лесни симптоми

– По медицинарите, старите на вакцинација

Мики Крстев е директор на Домот за стари лица ,,Киро Крстески – Платник,,. Тој е дипломиран правник на  возраст 36 години. По 12 годишно работно искуство, од ноември 2018 година првпат е на раководна позиција во домот со капацитет од 151 легло распределени во три одделенија. Моментно се згрижени 118 корисници за чијашто нега е задолжен стручен персонал од 39 вработени.

Како го менаџирате домот овие неколку години?

Во првите неколку месеци од раководењето на една исклучително сензитивна институција, детектирав неколку приоритети, кои, според моите размислувања, беа од витално значење за понатамошниот тек на нормално функционирање на оваа установа. Во координација со стручните служби дефиниравме дека е најпотребно подобрување на условите за престој на нашите корисници. Да се подобри хигиената во животниот простор и заедничките простории и личната хигиена, односно подобрување во просториите за престој на корисниците. Во 2019 и 2020 година на два наврати се промени дотраената столарија со нова ПВЦ столарија. Комплетно се сменија сите надворешни врати со нова алуминиумска столарија. Тоа придонесе драстично да се намалат трошоците за греење и да се намалат загубите на топлината во просториите, што беше сериозен проблем, особено за неподвижните корисници. Во контекст на подобрувањето на хигиената, со сопствени финансиски средства успеавме да набавиме индустриска машина за перење и сушење на облека за пералната во домот, индустриска машина за миење на садови за кујната, комплетно задоволовајќи ги потребите. Набавена е и машина за чистење на подови за поефикасно одржување на хигиената во заедничките простории. При крајот на 2020 година беше заменет централниот бојлер со нов инокс со поголем рок на работна активност и подобар капацитет за загревање на топла вода. Во краток период успеавме да преземеме потези за подобрување на функционирањето и ефикасноста како на објектот од седумдесеттите години од минатиот век, така и на персоналот.

Како се снаоѓате во услови на пандемија, кога во домот се сместени лица со висок ризик за заразување?

Пандемијата не успеа да не спречи во тековните активности, меѓутоа го ограничи социјалниот живот на нашите корисници. Успеавме да ги имплементираме сите препораки и насоки на Центарот за јавно здравје и Министерството за здравство. Тие не беа залудни, туку ефектни. Успеавме засега да ги заштитиме нашите корисници од изложеност на вирусот кој може да предизвика сериозни последици на нивната здравствена состојба со оглед на нивната возраст. Засега имавме само еден потврден позитивен случај кај еден од корисниците, кој благодарение на експедитивноста и стручноста на вработените, навремено беше детектиран и за среќа имаше само поблага форма на симптоми на вирусот.

Бидејќи вашите корисници ќе бидат први, по медицинскиот персонал за вакцинација, дали сте подготвени брзо да реагирате?

Додека се очекуваат вакцините, испратени се списоци во Министерството за труд и социјална политика. Пријавени се скоро 90 проценти од нашите корисници за конечно да ги релаксираме мерките и поскоро да се организираат посети од блиските роднини. Но, и да им се дозволи на нашите корисници да излегуваат надвор од просторот на домот.

Какви се релациите со локалната самоуправа?

Соработката со службите на Општината и со градоначалникот  е на беспрекорно ниво. Досега успеавме да добиеме неколку проекти. Особено значајна е донацијата преку шведскиот огранок на хуманитарната организација Салватион армѕ.  Обезбедени се 25 електрични болнички кревети, 3 елеватори за стари лица, 6 електрични колички, разни ортопедски и физикални помагала, облека и сл. Комплетно се заменети влезните врати во просториите каде се сместени корисниците во едно од одделенијата преку Владата.

Финансиски како излегувате на крај во овие времиња?

Без разлика на сите инвестиции и подобрување на услови, успеавме да ја одржиме калкулацијата што ја плаќаат корисниците. Надоместот е  непроменет и е на најниско ниво, во споредба со сите други домови за стари лица во државата.

Што може да очекуваат ново корисниците?

Се работи проектна документација за комплетна реконструкција на едно од трите одделенија. Проектот во иднина би требало да биде реализиран со средства од Министерството за труд и социјална политика. Се надеваме дека ќе успееме да го оствариме до крајот на 2022 година. Според програмата за развој, годинава ќе се опреми и обнови дел од кујнските апарати и ќе се обидеме да обезбедиме средства за поставување на сончеви колектори за затоплување на техничка вода, со што ќе обезбедиме непречен проток на топла вода во секое време за потребите на корисниците.

Loading