ТИНКТУРАТА ОД КОКИЧЕ ЗА ГРИП, РЕВМА, ИШИЈАС, АРТРИТИС…

kokiceКокичето е најпознатото ранопролетно цветно растение. Тоа е предвесник на пролетта. Повеќето видови се одгледуваат како украсни растенија, поради прекрасните цветови. Не ретко се среќаваат диви во природата. Лесно ги поднесува ниските температури. Тоа прво цвета пред да се стопи снежната покривка. Расте до15 см и цвета меѓу јануари и април. Спаѓа меѓу растенијата со луковица од која излегуваа ливчиња и бел цвет како ѕвонче. За декорација, се сади во групи од повеќе луковици заедно.  Така се добива величенствен поглед.

Се користи и за лекови. Тинктурата од кокиче е одлична за реума, ишијас, болки во мускулите, болки во рбетот, коски, артритис… Потребна е претпазливост при користењето на тинктурата, бидејќи кокичето содржи и отровни супстанции. При контакт со осетливи делови на кожата може да се појави црвенило, нафрлање. По користењето, нужно е темелко миење на рацете  без да се допира лицето, очите, носот или устата.

Тинктурата е одлична при настинка и грип, бидејќи поттикнува потење за лесно и брзо фрлање на токсините од телото. Се употребува и кај проблеми со видот, церебрална парализа, освежување на умот, за памтење и слично.

За тинктура за болки се потребни 40 кокичиња, надземен дел, лист, цвет и стебло што се киснат во 1 литар ракија (40-50%). Се остава затворено 40 дена со повремено протресување. Потоа се цеди да се мачкаат болните места.

За настинки и грип се потребни 60 кокичиња и 700 мл. ракија. Се мешаат во стаклен сад и стојат 40-45 дена со повремено протресување. Се цеди, се складира во чисто стаклено шише да се мачка грбот и градите со нежно триење без притискање. На третираната област се ставаа весници или се облекува дебела и топла облека. Се завиткува и се одмора. штоЛ доаѓа потта, спретстои пресоблекување и третманот е завршен.

Loading