АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Пишува рецензии и за ненапишани дела.

x

Влада во сенка се бори за длабока ладовина.

x

Не знаеше ниту ” к” од комунизмот, но го подржуваше на сет глас. Сега тврди дека тоа “к” било од капитализмот.

x

Се удави во чистите езерски води. Знаеше да плива само во матно.

x

Бегајте од маргините ако не сакате да ве третираат како маргиналци.

x

Ако си добро воспитан ќе мора да ги поднесуваш и оние кои тоа не се.

x

Кога умот царува и царот му се покорува…

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading