НИШТО НЕ НЕ СПРЕЧИ ДА ЈА ОСТВАРИМЕ ЗАЦРТАНАТА ЦЕЛ – ПРИОРИТЕТНИТЕ БАРАЊА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ГРАДОД И СЕЛАТА

Илија Јованоски – градоначалникот на Општина Прилеп

Naslovna Grdaonacalnikot so  Zaev

На денот кога го празнувавме патронот на градот, Св. Никола, заедно со премиерот Зоран Заев го ставивте во функција комплетно реконструираниот булевар „Гоце Делчев”, како и дел од улицата „Прилепски бранители”.

Со реконструкцијата на главната сообраќајница, булеварот „Гоце Делчев”, централното градско подрачје доби нов, современи урбан лик. Годинава, асфалтирани се, реконструирани и рехабилитирани се повеќе улици во градов и селата. Од општинскиот буџет се потрошија милион евра. Заедно со куќните приклучоци, реконструирана и изградена е водоводна мрежа од 7.500 метра, 1.410 метра фекална канализациона мрежа, како и зацевување на канали и атмосферска канализациона мрежа во должина од 420 метра. Првпат, после 50 години, се изгради нов армирано – бетонски мост, кој ги поврзува двете индустриски зони и преку кој се одвива 80 отсто од товарниот сообраќај во градов. Во најфудбалскиот град во земјата, комплетно е реконструиран Градскиот стадион „Гоце Делчев”. После комплетното завршување на градежни активности, ќе биде еден од најубавите спортски објекти во државата.

Naslovna so Zaev

 Интензивно се работи на изградба, реконструкција и рехабилитација на патната инфраструктура. Не ги заборавивте ниту населените места.

Покрај другите улици, годинава комплетно се рехабилитирани и се  реконструирани и улиците „Пере Тошев” и „Браќа Миладиновци” во населбата „Точила”, „Андон Слабејко”, „Белградска”, патот од село Волково преку Прилепец до манастирот Св. Никола. Афалт добија и улиците во селата Големо и Мало Коњари, Алинци, Галичани, Лагово. Се поставија бекатон плочки на улиците „Васко Карангелески”, „Ленин” и Егејска”. Инфраструктурно се уреди просторот кај зградите меѓу булеварот „Гоце Делчев” и „Бидимаш”, на потегот помеѓу детската градинка Бончејца и преминот преку железничката пруга.

a1

a2

Започна имплементацијата на проектот „Прилепско езеро –  нови авантури, нови можности”, со кој на некогаш популарното излетничко место ќе му се врати стариот сјај.

Во склоп на комплексот ќе биде изградено кошаркарско игралиште со два коша и со пинг понг маси, игралиште за одбојка како и две пешачки патеки од 750 метра. Најважен е мултимедијалниот просторсо со 3 летниковци, 20 клупи, и платформа за одржување на различни културни манифестации. Просторот ќе биде осветлен, ќе има 28 столбови на мултимедијалниот простор и уште 4 столбови на паркингот.

ezero1

ezero 3

Локалниот економски развој е тесно поврзан со патната инфраструктура. Патиштата кои водат кон и од Прилеп, се наоѓаат во лоша состојба.

Состојбата значително се подобри со завршувањето на експресниот пат Градско – Прилеп. Целосната изградба на Коридорот 8, односно патот Градско – Прилеп – Битола – Граничен премин Меџитлија и Коридорот 10, Прилеп – Охрид-  Граничен премин Ќафасан, ќе придонесат за нови инвестиции, нови работни места, повисок животен стандард.

ELS 1030

ELS 0106

Општата состојба со пандемијата на Ковид-19 имаше големи импликации на комуналните претпријатија.

За непречено функционирање, во 2020 година од општинскиот буџет издвоивме 7.5 милиони денари за ЈКП „Пазари”, 11 милиони за ЈП за ПУП и 48.5 милиони денари за ЈКП „Комуналец”.

Континуирано инвестирате и во образовниот процес.

Во основното образование, за поправка, санација и одржување на објекти вложивме 7 милиони денари, за набавка на училишен мебел 7.1 милиони, а за изградба и реконструкција на објекти 13.5 милиони денари. Во средното образование, пак годива инвестиравме 5 милиони денари.

Го слушате ли гласот на прилепчани. Што бараат?

Она што со особена гордост го истакнувам, е дека воспоставив пракса на редовни средби со граѓаните од урбаните и месните заедници, итоа во нивните локални средини. Отворено разговараме за проблемите и потребите, заеднички ги утврдуваме приоритетните прашања. Најчесто станува збор за комунални и урбанистички проблеми, за чие решавање планираме средства во буџетот за следната година. Оваа година, заради состојбата со пандемијата и препораките за заштита од коронавирусот, бевме принудени средбите да ги одржиме онлајн, со претседателите и членовите на советите на урбаните и месните заедници. Сепак, тоа не не’ спречи да ја оствариме зацртаната цел и да ги утврдиме приоритетните прашања за жителите од градот и населените места. Покрај изработката на урбанистичко – планската документација за градот, во постапка е изработка на детални урбанистички планови за 30 населени места, која ќе заврши во мај следната година. Изработката на урбанистичките планови е од голема важност за населените места, бидејќи на тој начин ќе се создадат услови за зголемен број на инвестиции од јавниот и приватниот сектор во руралните средини.

DJI 0137

Одлуките на Советот на општина Прилеп за ублажување на последиците од пандемијата, оставија последици и од финансиски аспект.

Во насока на помош на локалните бизниси, Советот на општина Прилеп донесе одлуки за намалување на комуналната такса за фирмарина и за користење на простор пред деловните простории, со што општинската каса остана посиромашна за 12.7 милиони денараи. Ако се има во предвид фактот дека во 2020 година, наплатата на средства по основ на надоместок за уредување на градежно земјиште е помала за 5.5 милиони денари во однос на 2019 година, дека надоместоците за концесии за минерални суровини се пониски за 10 милиони, а оние за легализација за 5.7 милиони денари во однос на претходната година, тогаш доаѓаме до податокот дека наплатата на приходи по наведените ставки за 2020 година, е помала за околу 34 милиони денари.

Градежната офанзива која ја имавме во годината која изминува, ќе биде пресликана и во следната година.

ELS 0118

 

Покрај тековната изградба на патната инфраструктура во градот и населените места, во 2021 година ќе бидат реализирани три капитални проекти кои се од исклучителна важност за граѓаните на нашата општина. Кога го велам тоа, мислам и на изградбата на детската градинка во населбата „Точила”, што е долгогодишно барање на жителите од градот. Со нејзиното ставање во функција, кое треба да се случи до крајот на 2021 година, ќе се реши проблемот со недоволниот капацитет на објектите од ЈОУ Детска градинка „Наша иднина”. Кога веќе ги споменавме градинките, за извршените поправки, санации и одржување на објектите во текот на 2020 година инвестиравме 2.5 милиони денари.

На крајот, би сакал на сите граѓани на општина Прилеп да им ја честитам Новата 2021 година и Божикните празници, да им посакам пред се’ добро здравје, заедно да го победиме злото наречено коронавирус и што поскоро да се вратиме во нормалниот начин на живеење.

ЌЕ СВЕТНЕ СТАРАТА ЧАРШИЈА

Во првата половина од новата година, започнуваме со реконструкција на Старата прилепска чаршија. И овој проект го реализираме во договор со граѓаните, односно со сопствениците и закупците на дуќани од Старата чаршија. Со реконструкцијата, постојните травертински плочи ќе бидат заменети со гранитни плочи, сите жици и кабли од кабелските оператори и електричната мрежа ќе бидат сместени во подземни инсталации. Фекалната канализација ќе биде комплетно реконструирана, а ќе се изгради и нова атмосферска канализација. Исто така, ЈКП „Водовод и канализација” ќе изврши бесплатна замена на постојната водоводна мрежа стара преку 70 години, за зголемување на безбедноста на објектите ќе се постави видео надзор, а значително ќе се подобри и осветлувањето во чаршијата.

КОНЕЧНО, ЗАТВОРЕН БАЗЕН

Конечно, кон средината на годината која е на прагот, започнува изградбата и на затворениот базен, двегодишен проект, чии услуги првенствено ќе ги користат учениците од основните и средните училишта, а се разбира и останатите граѓани на општина Прилеп.

ELS 0356

ВО ПРВАТА БОРБЕНА ЛИНИЈА СО КОРОНА ВИРУСОТ

Пандемијата на вирусот Ковид-19 го смени целокупниот начин на живот не само во нашиот град и во државата, туку и во целиот свет. Вирусот наметна нови правила, кои сите ние мораме да ги почитуваме, а сето тоа во правец на заштита на сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. За жал, во есенскиот период од годината, особено во месец ноември, бројката на новозаболени и хоспитализирани пациенти започна нагло и драматично да се зголемува. Како резултат на тоа, се соочивме со недостиг на слободни болнички кревети и целосно исполнет капацитет на Инфективното одделение при Општата болница „Борка Талески”. Дополнителен проблем беше недостигот на медицински персонал, како и преоптовареноста и заморот кај здравствените работници. Од тие причини, а пред се’ како човек и лекар, одлучив директно да се вклучам во првата борбена линија со коронавирусот и како волонтер им се приклучив на лекарите во Инфективното одделение. Заедно со тимот од инфектолози, секојдневно учествувам во лекувањето и третманот на хоспитализираните пациенти. Она што морам да го нагласам, е дека заедно со менаџерскиот тим на болницата и началниците на одделенијата, успеавме брзо да ја реорганизираме работата. Одделението за уво, нос и грло, очното и делови од интерното и гинеколошкото одделение, ги претворивме во Ковид центри, со што значително го зголемивме бројот на слободни кревети за пациенти. Во одделението за физикална терапија обезбедивме дополнителна просторија за Дневниот центар, каде пациентите со полесна клиничка слика, секојдневно добиваат терапија и инфузија. Благодарение на сето ова, успеавме да го намалиме притисокот врз здравствените работници и да ги подобриме условите за лекување на пациентите.

20 АПАРАТИ ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА

Благодарение на сограѓанинот Дејан Аџиоски, кој живее и работи во Швајцарија, озбезбедиме донација од 20 неинвензивни апарати за кислородна поддршка, кои треба да пристигнат во болницата огромна помош во лекувањето на хоспитализираните пациенти. Респираторите се донирани од компанијата БЦД мицро тецхниљуе С.А и во оваа прилика би сакал да изразам благодарност до сопственикот Седрик Пахуд. 

Дополнително, како шеф на Општинскиот кризен штаб, би истакнал дека во континуитет спроведуваме локални мерки за превенција и намалено ширење на коронавирусот, кои вклучуваат редовна дезинфекција на улиците во градот и населените места, дезинфекција на јавните површини, како и на основните и средните училишта во градот.

Loading