НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЛЕКОТ „СУГАРНОРМ“ ЗА ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ

Д-р ЗЛАТКО САВОСКИ АПЕЛИРА

d-r Zlatko Savoski - specijalist  internist endokrinolog

 

,,Министерството за здравство, МВР и другите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира лекот СУГАРНОРМ за шеќерна болест. Ова е апелот на Д-р Златко Савоски, специјалист интернист и еднокринолог од болницата, на неговиот Фб провил, откако успеал да спаси пациент на 27 години донесен во тешка состојба.

Според него, научното здружение на ендокринолози и дијабетолози се изјаснило дека кај нас лекот не е регистриран, ниту пак се препорачува.

-Малку недостасуваше еден млад живот да биде загубен од користење на таканаречениот лек за сите видови на шеќерна болест, СУГАРНОРМ, кој 27 годишниот пациент го користел, донесен во тешка катоацидоза. За среќа, после целовечерна борба, пациентот е стабилен. Со добри параметри замина за Клиниката за ендокринологија во Скопје. Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози се изјасни дека кај на не е регистриран, ниту пак се препорачува. Апелирам, Министерството за здравство, МВР и другите фактори да испитаат како и кој го дистрибуира СУГАРНОРМ. Препорачувам пациентите на своја рака да не го земаат или било кој друг лек, затоа што се изложуваат на опасност – апелира на ФБ Д-р Савоски.

Во коментарите, стои препорака да не се земаат лекови на своја рака оти последиците можат да се фатални. Бројни се пофалбите за докторот кој ја извојувал битка со поддршка за поширока едукација на населението, но и мерки кои треба државата да ги преземе за сите понуди со кои граѓаните се преплавени секојдневно насекаде. Некои коментираат дека многу пациенти кои решаваат на своја рака да го земат овој многу рекламиран ,,лек,,, отколку да консултираат стручно лице. Медицинските лица и граѓаните очекуваат за лекот официјално да се изјаснат релевантните медицински авторитети, затоа што компликациите и последиците се сериозни.

Loading