ТРЕНЧЕВСКИ СЕ ВРАТИ ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Пивотот Александар Тренчевски е новиот играч на суперлигашот РК Прилеп. Тој е повратник во матичната средина. Претходно има искуство со настапите во Зомимак, Вардар ј. Струга, Паргас и Астраион. Доаѓа кога прилепскиот клуб се бори за пласман во плеј-офот. По победите над Работнички и Младост, за тимот на Горан Кузманоски остануваат мечевите, дома со Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2, и на гости кај Бутел во Скопје.

Во Женската лига на последниот меч екипата Деспина со 37:21 го совлада Кузман Вардар во Скопје, па со 24 бода од 12 меча е на 5 место меѓу 13 екипи.

Loading