Кој многу го свиткува ‘рбетот лесно може да постане – четириножец.
х
Ништо не му е доволно на ненаситниот.
х
Секој негов успех предизвикува голема завист кај неуспешните.
х
Не го разбудувај оној кој се преправа дека спие.
х
На некои и ѓаволот им завидува на нивните злодела.
х
Оние што заговараа договорна економија сега ни’ нудат – договорна демократија.
х
Вашата одлука ќе биде добра само ако го прифатите мојот добар предлог.
“Д-р Хаџи-Васков”