ОВЕСОТ Е ИНФУЗИЈА НА ЖИВОТОТ

oves

Овезот се користи во традиционалната медицина. Еликсирите од овес се стимуланс за несоница, ментална исцрпеност и физички замор. Овесната каша помага кај ревматизмот, гихтот, ишијасот и некои кожни заболувања. Сламата е антидијабетично и антисептично средство. Ефикасен лек е за настинки и грип. За чај се користи цело зрно, по можност неизлупено. За хронична кашлица и воспаление на белите дробови, чајот се засладува со лажичка мед.

За чај е потребно во литар зовриена вода да се стави една до две чаши зрна од овес. Се вари до омекнување на зрното, па се поклопува и се остава да отстои 20 минути. Потоа се цеди и се пие по половина чаша најмалку трипати дневно. Така се забрзува метаболизмот и јакне телото.

За чај против воспаление на белите дробови се потребни чаша овес со лушпа, литар млеко и мед или путер по вкус. Една чаша зрно од овес во лушпа се мие добро, па се вари на тивко со мешање во литар млеко. Се вари околу еден час. Се пие како чај или се јаде како кашичка, неколкупати во денот. Може да се додаде мед или путер за вкус.

За јакнење на организмот се потребни чаша овес во зрно, литар вода, чаша млеко и 3 лажици мед. Овесот се вари во водата до густина. Пред крајот се додава малку млеко и се вари уште малку. Се лади, па се додаваат 3 лажици мед. Се пие трипати дневно. Може да се јаде и како каша.

Чај против несоница – потребни се 500 гр. овес и литар ладна вода. Овесот се потопува во литар ладна вода и се вари околу половина час. Се процедува и се пие по 200 мл. дневно, засладено со мед. И сварените зрна може да се јадат како варена пченица, со додавање на салати или како додаток на јадењето. Може да биде вкусен десерт со мед и ореви.

Loading