Царот криминал и царицата корупција и понатаму владеат.
x
Кој игра на сечија свирка мора да го згреши чекорот.
x
Ја говори вистината, а го обвинуваат дека шири говор на омраза.
x
Од минатото не може да се бега во сегашноста, а уште помалку во иднината.
x
Уште не прогледал, а веќе се обидува да им суди на тие што прогледале.
x
Бара дијалог, а нуди монолог.
x
Кога пороците ги надвладуваат доблестите општеството сигурно пропаѓа.
“Д-р Хаџи-Васков”