Носете маски, вирусот не можете да го корумпирате!
x
Оние без корен, сакаат да ја менуваат историјата од корен.
x
Боите на знамето не смее да се дозволи да избледеат!
x
Ако за секоја вест треба тест, тешко ќе се дојде до вистината.
x
Цел живот го помина од функција на функција, но без никакви резултати.
x
Не се потребни хероји само одвреме навреме!
x
Не ветувајте река, ако немате обезбедено извор.
“Д-р Хаџи-Васков”