СОУ ,,Ѓорче Петров,,
,,Традиционални теми кои нé поврзуваат,, е проект, што за СОУ ,,Ѓорче Петров,, е одобрен од Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO за учебната 2019/2020 година. Вклучени се и училишта од Нови Пазар, Србија и од Корча, Албанија. Актуелната состојба на пандемијата го помести и го смени текот и начинот на изведување. Проектот ќе се реализира од ноември 2020 г. до март 2021 г., преку онлајн активности.
Проектот претендира на интеркултурна соработка и зближување на младите преку традициите и облеката/народната носија, карактеристична за секој од националните ентитети на трите држави. Крајна активност е виртуелна модна ревија од модели со обележја на различните култури и традиции.
RYCO е организација во која членуваат Србија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Една од основните цели на РЅЦО е промоција на духот на помирување и соработка меѓу младите од регионот низ соодветни заеднички активности.