ДОНАЦИЈА НА ПРИЛЕПСКАТА ПИВАРНИЦА ЗА БОЛНИЦАТА И ЗА БРЗАТА ПОМОШ

sasoПрилепската пиварница продолжува со мерките и активностите како одговор на бројот на заболени и ситуацијата со пандемијата на ковид-19, обезбедувајќи донација од 1,2 милиони денари наменети за болницата и за Итната медицинска помош во Прилеп.

Дел од средствата се за директна парична поддршка на 83 лица,  медицински и другиот персонал од инфективното одделение и на вработените во Брзата помош. Останатиот дел од донацијата ќе се искористи за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со инфективното одделение на болницата. Ној начин, пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе ја добијат својата медицинска помош.

-Како општествено одговорна компанија, сметаме дека е неопходна поддршката кон медицинскиот персонал кој секојдневно се бори со ковид-19 пандемијата, како и овозможување неопходна нега на пациентите со ковид-19. Многу е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност за да се справиме што поуспешно со кризата што нé засега сите, на локално, национално и на глобално ниво. Продолжуваме да помагаме, секогаш тука за заедницата во која работиме и создаваме – изјави Сашко Самарџиоски, генералниот директор на Прилепската пиварница.   

Loading