,,КУЛТУРНАТА ПОЛИТИКА И МЕНАЏИРАЊЕТО ВО БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ,,

Нова книга од Наде Караџоска

Nade Karadzoska,,Културната политика и менаџирањето во библиотечната дејност,, е новата книга од д-р Наде Караџоска, отпечатена со поддршка од Министерството за култура. Во содржината се отсликува политиката и менаџирањето во библиотечната дејност, како една од најважните културно просветни дејности во поновата македонска историја. Се пренесуваат новите современи услови во кое недостасува глобална стратегија за развој на библиотекарството. Се налага потребата од креирање на нова библиотечна политика базирана  на слободен пристап на идеи. Претставени се повеќе модели. Посебно внимание е посветено на културната политика во земјите во транзиција. Се говори за менаџментот како нова задача на културната политика.

-Библиотеките се соочени со функционирањето и опстојувањето во заедницата. Затоа се потребни културна политика и менаџирање – вели авторката.

Караџоска е автор и на книгата ,,Библиотекарството во Прилеп –  историски развој,, објавена по повод 75 години од формирањето на ГБ ,,Борка Талески,,, а во која се говори за развојот на библиотекарството во прилепско, од манастирските библиотеки, развојот меѓу двете светски војни, ослободувањето, формирањето во 1945, растежот и до денес.

Loading