ХРИЗАНТЕМИТЕ СЕ СИМБОЛ НА ДОЛГ И БЕЗГРИЖЕН ЖИВОТ

hrizantemaПоделени се ставовите за хризантемата. Заедничко е што таа е омилено есенско цвеќе. Се нарекува и ,,Есенска роза,,. Букет хризантеми, за едни, е симбол на среќа, а за други е потсетник на цвеќе кое се носи на гробишта.

Хризантемата доаѓа од Кина. Најраспространета во Азија. Во Европа е резервирано за погреби. Се поврзува со задгробниот живот, бидејќи се верува дека им носи мир и спокој на умрените. Австралијанците ја подаруваат на најблиските во знак на почит и љубов, а во Америка цветот е симбол на радост.

Лековита е. Лечи и ублажување на различни здравствени тегоби. Извор е на витамини и минерали. Има оризово вино ароматизирано со цвет од хризантема. Кинезите ја користат како зачин за луткастиот вкус. Се пие и како чај.

Цветот напредува во октомври и ноември. Се смета за едно од најубавите есенски цвеќиња. Најдобро е да се засади во мај за да порасне и да се подготви за есенското цветање. Поради колоритноста и разновидноста, дизајнерите на ентериер препорачуваат мешање на различни бои во голема саксија за постигнување на поголем ефект.

Опасен непријател í е ветерот. Се чува на топло и оградено место. Се полева редовно. Презимува ако коренот е здрав и длабоко засаден. Ќе забуи пак следната година.

Хризантемите се симбол на долг и безгрижен живот и еден од најмоќните и најубавите симболи на оптимизмот. Зрачи позитивна енергија во градината, бидејќи ја прави пошарена и поживописна. Првин била со златножолта боја. Денес има илјадници различни видови по боја и густина. Бела се поврзува со вистината, јасноста на мислата и правилното донесување одлуки. Црвена е знак на љубов и силни страсти. Виолетовата покажува елеганција и благородност. Сина носи смиреност и инспирација. Портокаловата е знак на топлина и напредок. Жолтата носи знак за невозвратена љубов.

Loading