Патлиџан салатата е исклучително гурманска закуска. Здрава е, со одличен вкус и многу привлечен мирис. Во стаклен сад може да се чува во фрижидер три дена. Се послужува со печено месо. За оние кои се на лесна храна, може да ја конзумираат и како оброк.
Потребни се 2 модри патлиџани, 3 чешниња лук, 1 рака свеж магдонос, сечкан, 4 лажици маслиново масло, 3 лажици оцет, сол по вкус и малку масло. Модриот патлиџан се мие, се лупи и се сече на тркалца со дебелина приближно еден прст. Се посолува одгоре и малку се намастува од двете страни. Се редат во плех обложен со хартија и се пече во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Може и да се пржи во масло, но не е здрава варијанта, бидејќи модриот патлиџан впива доста масло при пржењето.
Додека се пече се приготвува сафтот. А тоа е ситно сечкан магдоносот и исчистен и ситно сечкан лук. Се посолува и се додавамасло и оцет. Се меша и се остава да отстои да се соединат вкусовите.
Печениот модар патлиџан додека е врел се реди во сад и наизменично се полева со сафтот. Салатата се покрива со проѕирна фолија и се остава во фрижидер да излади.