КАДЕ ИМА НАЈМНОГУ ЦИНК, СЕЛЕН, ЖЕЛЕЗО, КАЛИУМ И КАЛЦИУМ?

Често се препорачуваат повеќе минерали, особено калциум, цинк, магнезиум… за подобрување на здравјето. Ако на организмот му недостасува бор или манган, дали знаете во кое овошје и зеленчук најмногу се содржат овие минерали? Што би требало да се јаде да се внесат повеќе минерали и да се превенираат болестите на срцето и крвните садови, да се победи депресијата или да се исчистат лимфните садови…

Борот го има во зеленолистниот зеленчук, лист од цвекло, јаткастите плодови, морковот, компирот, пашканатот, тиквата, доматот, интегрални жита и поголемиот дел од овошјето.

Полни со цинк се ртени, сурови семки од тиква, сончогледови семки, грашок, цвекло и лист од цвекло, кромид, јаткасти плодови, морков…

Магнезиум содржат јаболката, кајсиите, смоквите, праските, целерот, блитвата, интегрален ориз, сончогледово семе, бадеми…

Манганот го има во лешникот, бадемот, оревот, ананасот, спанаќот, интегралните жита, цвекло и лист од цвекло, грашок, зелен чај, боровинките, бананите и другото јужно овошје.

Фосфор е распространет во  јаткасти плодови, мешунките, интегрални жита, семињата…

Најдобар извор на калциум не е кравјото млеко. Калциумот го има во темнолистиот зеленчук, блитва, спанаќ, кељ, рогачот, сојата, брокулата, сусамот, овесот, просото, сончогледовите семки, грав, бадеми, ореви…

Големи количества железо содржат овезот, просото, интегралната пченица, гравот, грашокот, леќата, брокулата, спанаќот. Железото расте во комбинација со витамин Ц, сок од лимон,, суво овошје, кајсии, сливи, суво грозје, портокал, јагоди, дињи, цитрон и најмногу сурово какао.

Буи селен во бразилски ореви, пченични ркулци, соја, јаткасти плодови, лук, сончогледови семки, интегрални жита…

Силициум-диоксид има во лененото семе, овесот, интегрални жита, бадеми, сончогледови семки, целер, јаболка, јагоди, железо, цвекло, кромид, пашканат…

Минералите ги има во суровата храна. Природата ги обезбедила потребните витамини и минерали. Потребно е да се јадат во свежа состојба, сурови. Сончоглед е ризница на минерали и витамини. Не треба да се пече, ниту да се пржи. Се комбинира со сирења, преливи за салата, дури и со торти.

Loading