ГЛЕДАЧИ ПЕТ ЧАСА В САЛА

Историја

Прилепчаните отсекогаш го сакале ракометот. Најмногу ,,збеснаа,, по овој спорт есента 1988 и зимата 1989 година. Покрај машки, градов доби и женски клуб во Втората југословенска лига – Југ, двата со исто име – Тутунски комбинат. Салата Македонија секогаш преполна со околу 3500 гледачи. МетежиИ за стоење. Не беше важно дали играат ракометарките или ракометарите, ниту дали гостува првиот, ОРК Београд или Кристал или последниот на табелата, Самодрежа или Врање. Чудо. Неколкупати, при голем студ, мраз и снег до колена по улиците, салата се преполнуваше час пред почетокот. При двојна програма, по половина час доцнење на гостински екипи, поради непрооден пат, ракомет имаше дури до 20,30 часот. Вкупно пет часа публиката издржуваше во салата.

Екипите на Т. Комбинат беа при врвот од табелите.

Loading