ПРИЛЕП ОДИГРА ДЕВЕТ ПРИЈАТЕЛСКИ

Ракомет

Како во најдобрите времиња ракометниот суперлигаш РК Прилеп во подготвителниот период одигра значителен број пријателски мечеви. До вторникот беа девет, а билансот е четири победи и пет порази. Прво, на Струшкиот турнир, беа доживеани порази од Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел, а потоа од Еурофарм Пелистер 2 и Тинекс Пролет. Тимот на тренерот Горан Кузманоски победи со РК Струга, КЛ7, Аеродром и повторно со РК Струга. Последниов дуел во салата ,,Ричко,, е добиен со 27:25. Можно е да се одигра уште еден пријателски меч, бидејќи РК Прилеп е слободен викендов во Супер лигата.       

На 19 септември РК Прилеп дома игра со фаворитот Металург, а Деспина во Супер лигата за жени е гостин во Гевгелија.

Loading