Наместо три пати да чукнеш во дрво,чукни се барем еднаш по глава.
X
Кој се надева да се задева нема да напредне до века.
X
Нема вистина онаму каде војводи убиваат војводи.
X
И понатаму најлошите сакаат да живеат најдобро.
X
Мрзеливоста е најголем кочничар да се движиш низ животот.
X
Кој се надева да се задева нема да напреден до века
X
Благословот има смисла само од добар родослов.
X
Прашањето колку имаш килограми секој ден добива на тежина.
“Др Хаџи-Васков”