Виц на неделата

vic

Си седи Пецо во кафана и си пие ракиичка, кога влегуваат двајца негови другари излезени од работа.

Одма првиот почнува да се жали:

• Овој мојов газда не ми дава да дишам од работа!

Вториот додава:

• А мене бе, ме тера да работам цел ден без пауза!

Пецо ги слуша и им вели:

• Е, другари јас сум во општина и на работа сум бог …

• Како тоа?

• Е, па така. Сите знаат дека постојам, а уште никој ме нема видено!

Loading