КАДЕ ЗАСТАНАВМЕ И КАДЕ СМЕ СЕГА?

Dukoski 1Никола Дукоски, дипломиран психолог, Гешталт терапевт во едукација

– За да го одржиме нашето ментално здравје неопходна е поддршката која што можеме да ја добиваме од себе си

– Да продолжиме да ја бараме слободата на духот и тогаш кога ја нема

Помалку или повеќе приближувајќи се до втората деценија на 21 век, сите ја имавме искусено брзината на новото време. Нормално, секој со своја динамика и секој со своја адаптација према животните ситуации во кои се најдува, сé до моментот каде сите одеднаш застанавме. Во тој момент сите бевме допрени, погодени, обземени, шокирани, со нешто непознато, со нешто невидливо со феноменот кој се појави кон крајот на 2019 година Ковид-19, а веќе во 2020 пристигна и кај нас и нé затече, неспремни во раздор меѓу очекувањата, стравовите и прифаќањето. Веројатно, секој од нас очекуваше нешто од периодот што следи да биде најубавата година од животот, да оствари некој сон, да отиде на некое патување, да добие унапредување, да биде дел од нешто, да направи фамилијарна веселба, да прослави празник, биде на одмор.

Но, што е, тука е. Дел од овие очекувања заминаа во неповрат, дел се одложија за некое ново утре, а дел нé научија да се адаптираме на моментот, онаков каков што е.

Dukoski 2Секогаш кога нешто пропуштаме друго надополнуваме. Така некои од нас го надоместија сонот, некои го сменија својот биоритам, други пак се соочија со повеќе работи од кои што бегале, а трети најдоа начини како да бидат целосно, тука за оние што им се потребни и да живеат со уште еден нов страв или да го побиваат. Она што е извесно е дека работите кои зависат од нас, бараат одговорност. Тие што не зависат бараат да бидат прифатени такви какви што се, без разлика што од каде доаѓа и кој придонел за ситуацијата во која се наоѓаме да биде таква каква што е.

Да можеме да го одржиме нашето ментално здравје, мора да бараме механизми соодветни на ситуацијата и контекстот во кој се наоѓаме. Но, она што е неопходно е поддршката која што можеме да ја добиваме од себе, преку грижата за нашето тело, исхраната, вежбањето, пешачењето, просторот и времето за одмор што му го даваме на телото. Па и надворешната поддршка што доаѓа од значајните луѓе, од нашите пријатели, со кои значајно е да пробаме да размениме и она што чувствуваме, не само тоа што мислиме и да пристапиме со прифаќање, за да бидеме прифатени. Стручната поддршка во овој момент е значајна за секого. Така, Гешталт Институтот Скопје нуди бесплатна психотераписка помош, која може се добива на броевите што се активни во различен период од денот. (http://www.gestaltinstitut.edu.mk/%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8/)

Dukoski 3Веќе олабавуваат мерките во целост. Се враќаме во некоја нова нормала. Тоа не е истата ситуација од претходно во која застанавме. Ниту е реконструирана. Сепак убаво е да гледаме во одржливите капацитети кој секој од нас ги поседува. Кога знаеме што е храната за нашите души, која е поддршката што нé води напред, како домот може да биде поддржувачки и што е тоа што нé исполнува во ситуација кога немаме надворешна размена, да не се препуштиме во целост на надворешната слобода. Да продолжиме да ја бараме слободата на духот и тогаш кога ја нема. Уште првиот ден од завршувањето на Втората светска војна, многумина од тоа време, ја дочекале новата надеж со отворени раце, заборавајќи на загубите, на она што се пропуштило и на она што никогаш нема да се врати. Сето тоа останало во телата и главите на тие луѓе. И денес е така кога можеме да транзитираме, да одиме на работа под одредени услови, да седнеме во некоја кафетерија, да гледаме во она што ни е неопходно. Но, не и достапно, задоволството и мотивот за промени не смееме да го ставиме пред егизистенцијата. Да заборавиме на опасностите, неизвесноста да ја претвораме во нереална извесност, туку единствено што можеме е да се грижиме за себе преку тоа што имаме на располагање. Така маската, иако сме поделени во тоа дали е потребна или не, нека остане синоним за нашето чувство на сигурност, нека биде тоа што е шалот во зима, кој греејќи нé во вратот ни дава чувство на сигурност дека сме заштитени од ветрот и студот. Преку него се одолева на судот кој доаѓа од опкружувањето на тоа што е исправн. Водете се од сопствените верувања за тоа што е најдобро за вас.

Loading