Ракомет
По доаѓањето на тренерот Горан Кузманоски – Таста во суперлигашот Прилеп се проширува списокот на ракометари на кои ќе се смета за претстојната сезона. Договор за пристапување е потпишан со пивотот Сашко Манчески, досегашен член на РК Макалоски. Станува збор за млад, 17-годишен ракометар, кој го покажал својот талент на таа позиција.
Од клубот дојде информација дека двајца првотимци ги продолжиле договорите. Потпишале двогодишни договори левото крило Христи Бикоски и десното крило Алија Амзоски. Претходно на клубот му пристапија двајца Грузијци, голманот Зураб Цинцадзе и десното крило Реваз Чантурија.
Наредните денови се очекуваат две-три засилувања на бековските позиции во Прилеп.