ДИЕТA СО ЈОГУРТ

jogurtЈогурт диетата вреди да се проба, оти е без гладување. Порциите треба да се умерени, дозирани и без прејадување. Покрај јогурт може да се јаде и свежо овошје и месо. Се одбегнува само зашеќерене јогурт, односно оној кој во себе содржат многу шеќер. Јогуртот мора да се комбинира со препорачана храна од дозволениот список. Со оваа диета се сметнува 4 килограми за три дена. 

Прв ден. За појадок јадете овошен или обичен немасен јогурт со снегулки по желба. За ручек, на маслиново масло се динста зеленчук, па се меша со сварен интегрален ориз. Зеленчукот не се зачинува освен со сол и црн пипер. За вечера, се јаде салата со морков или со шунка и немасен јогурт.

Втор ден. За појадок, салата од краставици зачинета со јогурт. За ручек печено мисиркино месо на маслиново масло. Прилог се печурки, домат и пиперка со додавање на јогурт. За вечера, се мешаат шумско овошје со јогурт.

Трет ден. За појадок, со јогуртот се меша младо сирење, јаболко, малку цимет и сол по желба. Ручекот е филе од ослич со салата од јогурт и краставица. Вечерата е 100 гр. тестенини со сечкана пиперка и варено јајце. На крај се додава јогурт.

Диета да не се практикува подолго од три дена, телото да не осиромаши од потребните растителни влакна и витамини. Диетата се повторува по одреден период за враќање на норомалната избалансирана исхрана. Во текот се пие незасладено кафе и чаеви, а газираните напитоци се забранети.

Loading