ПРЕДОЛГ ОДМОР ЗА МЕГА БАСКЕТ

Кошарка

По повеќе години градов има сениорски клуб во системот од Кошаркарската федерација. Тоа е Мега баскет, на тренерот Сашо Костоски. Есеноска се вклучи во Втората лига – Запад и одигра 12 меча. Шестпати загуби (дома од скопските Партизан Водно и Ангели, на гости од скопските Албес и Партизан Водно, тетовски Тетекс, струшки Црн Дрим), а и шестпати победи (дома со Тетекс, битолска Хераклеа, скопски Чаир, неготински Спорт тим, на гости со Чаир и Спорт тим). Првенството застана на 7 март и, најверојатно, ќе се дочека есента за почеток на ново. Не се одиграа дуелите: дома со Албес и Црн Дрим, на гости со Хераклеа и Ангели.

Клубот има и Младинска школа.

Loading