ЧУДО ОД МЕВЛЕМ ЗА ХЕМОРОИДИ …

hemoroid

Постои еден мевлем кој лекува хемороиди, воспалени синусите, гноен отитис, гнојна ангина, бронхитис, женски болести…

Да се подготви се потребни 400 мл. ладно цедено маслиново масло, може делумно и кокосово масло за мирис или кантарионово масло,едно домашно јајце и 60 г. пчелен восок.

Се вари јајцето и се издвојува жолчката која се дроби на ситно. Се става восокот и маслото во тенџере на тивок оган. Кога восокот ќе се растопи се додава по малку издробената жолчка. Ако пени, се трга од огнот, па повторно се враќа додека се меша целата жолчка. Смесата се цеди низ цедалка и се складира во тегла. Добро е да се меша неколкупати додека смесата не се стегне за да не падне восокот на дното.

Маста е ефикасна.

Лекува воспалени синуси. Се топи малку маст во лажица и веднаш се вшмукува во пипета. Треба да се прави брзо за да не се стегне маста. Се капнува во носот по неколку капки двапати дневно. Маста ги пробива каналите и го повлекува со себе целиот гној.

За гноен отитис се засучуваат парчиња памук кои се топат во маста и се ставаат во болното уво. По потреба се менува. Се мачка и зад увото. Маста го извлекува гнојот. Ги лекува сите отитиси, не само гнојните.

За гнојна ангина, апцес во грлото или воспалени крајници се става маст во грлото и се мачка на вратот како облога. Со две три повторувања апцесот пукнува.

За бронхитис, болка во желудник, црева, чиреви на тело, инфекции на окото се зема трипати дневно пред оброк по половина лажичка од маста.

За женските болести, фибромиом до 10 седмици, цисти на јајници, воспаленија, маститис, се става во вагината тампон натопени со маста, наутро и навечер. После 10 дена цистите целосно исчезнуваат. За фибромиомите е потребно подолго време. Кај маститис на градите се става хартиена салветка натопена во маст, па одозгора се фиксира најлон кеса. По можност да се менува секои два часа.

Маста лекува и изгореници, чиреви, рани, отоци, забоболка, болка во зглобовите. Се нанесува на заболеното место преку ноќ и се завиткува. Може само парче памук натопено во маст, ако раните не се големи. Резултатот изненадува.       Кај забоболка, маста се зема со чист прст и се мачка болниот заб и непцето. Болката се намалува и се повлекува.

За трофички чиреви, гангрена, се ставаат хартиени салветки натопени во маст и се менуваат секои 2 часа. Од раната ќе се извлече гнојот.

Се прави тампон од газа и се става во анусот преку ноќ, 8-10 дена или додека да дојде до подобрување. Така се лекуваат хемороиди.

Се мачкаат болнитете места навечер и се завиткуваат добро. Болката згаснува наутро

Маста е добра за зајакнење на ноктите кои се тријат со маста навечер.       

Loading