ОНЛАЈН ПРЕТСТАВИ И КОНЦЕРТИ

martinЦентар за култура „Марко Цепенков“

ЦК ,,Марко Цепенков,, и во време на корона кризата, ги прилагоди активностите и понуди онлајн култура преку ФБ профилот и веб страницата. Речиси секој викенд, онлајн се прикажуваа претстави на театарот и концерти. Публиката има можност секој ден да проследи куси инсерти од настапи на прилепски и македонски музичари, како и куси лирски ликовни интермеца.

Доста гледани беа наградените претстави на режисерот Мартин Кочовски, ,,Тапани во ноќта,,, ,,Кавкаскиот круг со креда,,, ,,Швејк во втората светска војна,,, извонредната ,,Крпен живот,,, детските ,,Јунаците во бајките,,, ,,Мачорот во чизми,,, и ,,Калифот штрк,,. Посетителите онлајн уживаа во целовечерните концерти на октетот Прилеп, на хорот на Валамскиот манастир од Русија. Може онлајн да се прочитаат и последните три изданија на списанието за литература уметност и култура Стремеж.

До нормализирање на состојбата, Центарот продолжува со онлајн активности. Утревечер од 19.30 часот театарџиите ќе можат на ФБ профилот и на веб страницата да ја проследат претставата ,,Змејовата невеста,, во режија на Нела Витошевиќ, а в недела претставата за деца ,,Мачорот во чизми,,.

Loading