ОН ЛАЈН ПРОГРАМА ЗА ПАТРОНАТОТ

Музичкото училиште

Музичкото училиште ,,Ордан Михајлоски – Оцка,, со пригодна он лајн програма на учениците и со полагање цвеќиња, го одбележа патрониот празник. На малиот видео цонцерт учениците се претставија со музички композиции на пијано, клавир, хармоника, гитара и народни инструменти.

– Училиштето е едно од најстарите во градов. Се карактеризира со посебен дух, во кое музички се едуцираат најмладите. Амбициозниот и млад кадар кој постојано се усовршува со учениците ниже резултат со награди и признанија. Колективот одлучи средствата обезбедени од првиот следен концерт на учениците да се донирани во Детското одделение во болницата од нашиот град – вели директорката Славица Конеска – Темелкоска.

Loading