АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не влегувај во дијалог во кој ќе останеш без зборови.

x

Кога граѓаните најмногу имаат потреба, граѓанските организации најмалку се забележуваат…

x

Кога ќе ти ја покажат вратата употреби ја, ако не сакаш да скокаш од прозорец.

x

Убаво е кога си во кругот на семејството, а не во некоја друга геометриска форма.

x

Лошо е кога има филмови во кои дилетанти се ѕвезди, а ѕвездите – статисти.

x

Вирус или фотелја, борбата е сега.

x

Најголема срамота е да не се срамиш од својата срамота.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading