ПОЛАГАЊЕ ОД ДОМА ЗА МЕЃУНАРОДНИ СУДИИ

Пинг-понг

Активен е пинг-понгот покрај кризата. Меѓународната пингпонгарска федерација (ИТТФ) во средата овозможи полагање за добивање лиценца за меѓународни судии. Меѓу кандидатите се седуммина Македонци. Од нив тројца прилепчани: Гоце Тошески, Саше Ѓорѓиески и Рубинчо Ристески. Полагањето беше од дома, преку компјутер, по електронски пат. Се испратија тестови на кои секој кандидат за одредено време требаше да одговори на англиски јазик. Потоа се добија точните одговори за да може секој кандидат да има претстава за процентот на успешноста на својот тест.

Конечните резултати се очекуваат деновиве.

Loading