ТВОРЕШТВО ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА

dragan vergovski alpi

Голем дел од прилепските уметници во времето на епидемијата слободата ја исполнуваат со создавање на творби, кои еден ден ќе бидат претставени пред јавноста. Еден од уметниците кој неуморно твори, како што сам напиша на ФБ е и уметникот Драган Верговски Алпи. Сработил повеќе дела кои ќе бидат дел од неговиот богат уметнички опус.

Верговски завршил ФЛУ во Скопје. Повеќе години работеше како  советник-конзерватор и постојано беше на терен.  И како пензионер целосно е посветен на уметноста.

Реализирал многу самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Конзервирал фрескоживописи по македонските цркви. Член е на ДЛУМ.

Loading