ЗАШТИТА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

zdravje1

За здравјето во самоизолација и опасноста од заразување со актуелниот корона вирус, се препорачува храна и зачини добри за дишните патишта и имунолошкиот систем. Со избалансирани калории и лесна храна организмот гради силен имунолошки систем за одбрана од вирусни и бактериски инфекции.

Како и кај други вирусни инфекции, постои храна богата со Ц витамин, свежо овошје или кратко термички обработено, масти и влакна. Треба да се јадат кромид, лук, праз, магдонос и целер. Кромидот и лукот помагаат и кај различни респираторни инфекции. Кромидот да се јаде суров, а може да се става и во супи. Сечканиот магдонос или целер добро е да се додаде во супа. Што се однесува до овошјето, одлични овошја се цитрусите, калинките и сите сезонски плодови што можат да се најдат ова време.

Во исхраната треба да се додаде и маслиново масло, месо во мали количества, риба и јаткасти плодови.

Намирниците треба да бидат лесно сварливи и да создаваат слуз во желудникот и во горните дишни патишта. Пожелна е динстаната храна, житариците, мешунките, месото, рибата и зеленчукот, кратко термички обработен, и салати. Се препорачуваат и зачини во исхраната. Редовното консумирање го чува организмот од вируси и бактерии и помага во спречување на болести. Пожелни се зачини и билки. Циметот помага за јакнење на белите дробови.

Важни се топлите напитоци. Чајот е одлична превентива. Ефикасен е од ѓумбир. Може да се додаде и каранфилче кое е антисептик. Тоа може и да се џвака за дезинфекција на грлото и целата усна шуплина. Устата може да се плакне со чај од жалфија во кој се додава мед и лимон богат со витамин Ц. Може да се додаде и сок од портокал. Може да се додаде и малку црн пипер.

Доколку се забележат симптоми на настинка, се внесуваат лесни оброци, се пијат топли напитоци и се испира усната шуплина со прополис кој има антивирусни својства и помага во борбата против вирусите и бактериите.

Важни се физичката активност и изложувањето на сонце. Сончевата светлина е добра за имунитетот, а лоша за вирусите. Зимскиот грип е проблем, оти вирусот се пренесува при ниски температури и ниска влажност. Сончевата светлина му помага на телото да произведе витамин Д, а сонцето ги уништува бактериите и вирусите.

Изложеноста во природа го намалува стресот и ја подобрува функцијата на имунолошките клетки. Сите оние кои имаат дворови и тераси да го користат сонцето максимално додека се во самоизолација.

Сонот е уште еден клучен фактор за подобар имунитет. Регенерацијата на нашите ткива најдобро се активира од 22 часот, па до 2 часот после полноќ. Ако се прескокне овој дел, се скокнува лачењето на хормонот на растот кој влијае врз закрепнувањето на нашите ткива и имунолошкиот систем. Со тоа се намалува одбраната на организмот од било кој причинител на настинката. Спиењето на време е многу важно, исто како и раното будење. Просечно се доволни 7 до 8 часа спиење, а некои луѓе се свежи и со 6 часа сон.

Loading