ГАЃАЊЕ СО И БЕЗ ДИЈАБОЛИ

Стрелаштво

И во спортското стрелаштво застанати се сите активности во врска со натпреварите од сите категории. Сепак, во клубовите им задаваат задачи на стрелците во вид на домашни обврски. Најдобрите стрелци на СК Херој Прилеп, Мартин Ангелески, Ирина Јованоска и Магдалена Ристеска тренираат со воздушна пушка – меѓународна програма, по инструкции на тренерот Трајче Дамевски.

-Секој дома има процтор од 10 метри во кој стрелецот е оддалечен од целта. Тренираат во комплетна опрема, исто како на натпревар. Гаѓањето е со и без дијаболи. ,,Сувиот,, тренинг е како и класичниот: поставување во позиција, став, позиционирање на пушката и нишанење, но пукањето е без дијабола – на празно. Нема резултати и битно е да се одржи умствената и физичката кондиција. Дневно тренираат по трипати – информира Дамевски.

Пак селектор

По подолго време, Трајче Дамевски е назначен за селектор на Македонија. И порано беше на таа функција, кога беа најголемите резултат и на меѓународната сцена.

-Нека мине кризата и ќе се посветам на задачите. На домашен план се натпреварите, како Државното пионерско во Битола, Државното сениорско во Охрид. На меѓународната сцена предизвик се три натпревари, во Софија, Белград и Љубљана. Вториот и третиот се во програмата на меѓународната федерација – вели селекторот.

Loading