ВИРТУЕЛНО НИЗ ВРБЈАНСКА ЧУКА

cukaНеолитскиот локалитет Врбјанска Чука, во близината на селото Славеј, може виртуелно да се посети. Од истражувачката екипа велат дека љубопитните кои сакаат да чекорат по Месечината, можат да патуваат со влез на локалите во 3Д-моделот и виртуелно да прошетаат меѓу остатоците од неолитските градби во археолошката сонда, со напомена дека е ,,исто како и на Месечината,,.

Неколку години таму трага Центарот за истражувања на предисторијата кој промовира примени на современи методи за истражување и презентација на движното и недвижното културно наследство. Покрај стандардните археолошки методи, се прават геомагнетно скенирање, радиокарбон, археоботанички, зооархеолошки, изотопски, геоархеолошки и липид-анализи, како и функционални анализи на алатките и архитектурата. Се ползуваат и новите технологии во проучувањето и презентацијата на културното наследство. Досега се вршеше 3Д-скенирање на локалитетот и 3Д-моделирање на некои од откриените артефактите, додека резултатите од геоскенирањето се искористени за идеална реконструкција на целата неолитска населба.

Мошне е активен истражувачкиот тим на Врбјанска Чука, покрај тоа што работи од дома. Резултат ќе биде научниот труд во европско списание со импакт-фактор, кое ќе ги публикува новите сознанија.

За Врбјанска чука, во услови на заштита од корона вирусот најдобро е да се посети сајтот http:// www.vrbjanska.cip-cpr.org/za-lokalitetot.html.

Loading