АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Дали има време за анализа на времето во време на невреме!?

Х

Не трудете се да се доверите на оние над вас. Тие никогаш нема да ве разберат.

Х

Напредувајте додека можете, но не по секоја цена.

Х

Затворете ги прозорците ако не сакате да се задушите.

Х

Глупоста е болест од која најмногу страдаат сите околу глупавиот.

Х

Парите не збогатија никого во умот.

Х

На туѓа сметка живеат многумина со богати сметки.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading