МЛЕКО ВО ТЕПСИИ ВО МЛЕКАРНИЦАТА НА ТОФИЛ

Dukanot od Tofil Kuzmanoski

Млекарница на Тофил Кузманоски, во триесеттите години од минатиот век. Велат дека локацијата и била кај денешните Реклами. Само старите се сеќаваат.

Мајсторот за млеко скрстил нозе на столица, калфата и деца – чираци околу него наместени за кадро. Тогаш актуелни биле млечните производи, зашто луѓето се занимавале со сточарство.

Во млекарницата се носело млеко кое во големи “тепсии” го потквасувале и од него за чорбаџиите правеле кисело млеко, потоа маштеница матена во бутин и други млечни производи.

Постарите велат дека најздраво за пиење било козјото млеко. Без млеко не бидувало доручек. Посебно ги разладувала и освежувала маштеницата, кога се садел или копал тутунот.

Loading