ВЕЌЕ НЕОДИГРАНИ ЧЕТИРИ МЕЧА

Ракомет

Машката прволигашка екипа Прилеп последниот меч го одигра на 8 март, во Куманово, кога беше поразена  со 28-24. Оттогаш наваму нема натпревари, а тоа се вкупно три. Не се одигра последниот меч од втората група, дома со лидерот Астраион, а потоа уште два планирани за плеј-офот. Ракометарите тренираат самостојно.

Женскиот тим Деспина на 11 март гостуваше во Свети Николе, каде со 24-35 го совлада Овче Поле. Оттогаш досега се одложи мечот дома со шампионот Металург, а барем уште следниот сигурно ќе биде одложен, закажан за 2 април со Алушовски во Скопје. И ракометарките тренираат индивидуално.

Loading