ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ ОДРЖУВАА ДВА ТЕРЕНА

Историја

Фудбалските терени – главниот од Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, и помошниот од Спортскиот центар, беа тема за која се разговараше зимата 1987 година. Беше објавено дека стадионот може да собере вкупно 15.185 гледачи, доколку сите седат, а 17.888 доколку има и такви што наоколу стојат. За одржување на двата терена се грижеле само двајца работници. На главниот играа и тренираа второлигашот Победа и регионалецот Прилеп, а на помошниот дури 10 екипи. Само на главниот, во текот на 1986 година, биле одржани 114 тренинзи и одиграни 72 меча.

Поради недостиг на финансии, доградбата на стадионот, почната 12 години претходно, беше одложена за подобри времиња.

Loading