ЕДНАШ СЕ ОНАДИ БЕГ

Рисјанин, препродавач на добиток, имал многу уба и верна жена. Турскиот бег Рустем им бил сосед кој фрлил голем мерак на комшивката. Почнал да í здодева. Бегот станал дури и одвратен. Жената не можела повеќе да го поднесува и му кажала на мажа си.

Домаќино и рекол:

-Намами го дома и че го суредиме!

Сопругот í објаснил на домаќинката како да го одврати бегот засекогаш. Ги пуштил телината од шталата, небаре че ги тера на пасење. Бегот го видел комшијата дека заминува и свикал на комшивката. Таа, толку чекала, го поканила дома на кафе пред стемнување. Таман се спремал бегот за жешката игра, мажо стасал со телината во дворот лут. Свикал по невестата. Таа почнала да се трешти каде да го скрие бегот.  Го сместила под кожите од закланите телиња во пондилата. Го пречекала мажа си со зборовите. 

-Шо се врати толку лут ко пипер?.

-Нема едно теле. Мислам дека го останавив во пондилата – рекол и го запали кандилото да го најде телето, гледајќи во темнината во кожите.

-Еве го кај заспало. Ќе го онадам да се рабуди за казна оти заспало –  рекол газдата.

На сокриениот бег Рустем му било ,,пет за пара,,. Се тресел од страв, напучен со газот надвор од кожите. Сопственикот му ги одврзал бечвите и му го опнал, додека тој чутел. Се плашел дека че му летни глата, ако дава отпор. Откако го натегнал, си отишол дома, а бегот ги кренал бечвие и заминал дома со офкање и крвав газ.

Следниот ден ден, домаќинот го викнал Рустем на кафе преку детето. Детето пред портата на бегот и викало:

-Чичко Рустем, татко ми те кани да пиете по кафе!

Рустем, со офкање и влечкање, се појавил на чардако од кулата и му рекол на детето:

-Фала на кафето. Поздрави го татко ти. Кажи му дека еднаш се онади турски гас и никогаш појче. Кој сака да затни тујџа дупка, си ја отвора својата – кажал бегот.

Loading