АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Она што го немаш во главата не барај го во џебот.

x

Сериозно бегај од несериозни разговори.

x

Зборовите не ги број, туку мери ги!

x

Ги вкрстија ракавиците, но со ништо не раскрстија.

x

Убав е овој свет за оној кој има и друго. Освен – леб.

x

Нема мали улоги за големи луѓе, но не е добро кога на големи луѓе им доделувате мали улоги.

x

Нема улов од лов со ќорфишеци и ќорбомби.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading