СВЕДОШТВА ЗА ЧАРШИЈАТА

Isceznato parce od Carsijata

Богата била чаршијата. Немало занаетчија што немал дуќан со кепенци. Наредени биле еснафите по сокачињата со калдрма. Имало занаетчии со сите нишани. Повозрасните се сеќаваат на бочварите кои постојано стружеле, на тенеќеџиите и калајџиите кои удирале со чеканот по металот, на стенкањето на вжареното железо под ударите со чеканот на ковачите, на машините на влачарите, на тишината кај куменџиите и ортомџиите… 

Не се знае точно локацијата на оваа бакалница во Чаршијата. Ги имало десетици. Чаршијата била поширока од денешниот простор. Била до сегашниот плочник на дел од Булеварот, до анот на Стевананџиовци во околината на Центарот за култура.

Чаршијата била душата на градот, затоа што таму се создавал, зреел и одржувал не само мајтапчискиот дух на мајсторите, се откривал чешитскиот ген на чираците и калфите, туку и поради мудроста на чаршијата да биде весник и знак на просперитет на градот.

И денес се носи наследниот курназлак во блесокот на алуминиумот и неонот. Чаршијата останува да биде училиште на животот, каде се учат четива, кои ги нема во учебниците за децата.

Loading